креира св. и несв.

креира (св. и несв.)

Оттука, не постои ултимативен превод, не постои ултимативна поема или новела, и секоја проценка може да биде дадена само со земање предвид на самиот процес на креирањето и на неговата функција во даден контекст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Строго контролирани мисли и чувства , перверзно се нижат, се кријат во стихозбирка, се креираат, потоа пред публика повторно контролирана и пробарана се читаат, се сервираат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Амстердамскиот договор од 1997 година и Шенгенскиот договор од 1999 година создадоа простор креиран да промовира економска либерализација, особено поголема мобилност на капитал и работна сила во рамките на ЕУ преку елиминација на граничната контрола меѓу земјите членки.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Луѓето се создадени за да креираат љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Синдикатот мора да е еден од главните фактори при креирањето на социјалната политика во државата, а не целото време да го мине во дефанзива и само да се бори за намалување на последиците од штетните законски решенија, чијшто број, како што ќе видиме понатаму во оваа студија драматично се зголемуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Длабинската екологија им се спротивставува на таквите погледи, бидејќи од нејзината перспектива мораме потполно да се одрекнеме од антропоцентризмот за да креираме форма на општество која ќе биде втемелена врз симбиозата меѓу природата и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дијалог со културата и цивилизацијата е потребен пред сѐ, со цел да се унапреди човековата спремност, неговата способност и самодоверба, заради креирање на неизвесноста на сопствената иднина со интерактивна комуникација, осигурување на раст и креирање на културно- цивилизациски развој! Решението на загатката е токму ова!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пасивен консумент на реалноста Вештини на електронска реалност Се конформира со доминантниот Креира сопствен животен стил културен животен стил Конвенционално морален и Сензуален- сензитивен неморален Управува со сопствениот мозок; Избегнува мозочни промени; ги психоделичен прифаќа културалните модели Пасивен електронски консумент Електронски комуникациски вештини; кибернетичен
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Премногу се сложени тие односи за да можеме да тврдиме дека ангажираноста во одредена професија може да го креира дури и изгледот на личноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Другата страна пак, српската, своето чудовиште го креира од елементите на хистеричното православие, мешајќи ги православните икони со опинците, фолклорниот лелек со четничките ками и брадестите убијци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури и кога нема да знае, од заседа, нов талент на вратите тропа,излез креира, сопствена судба, сопствен живот, паметен човек режира.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
По завршувањето на студиите, паралелно со сликарството, Џарман се занимаваше и со креирање на костими и сценографија за Ројал Балетот и за операта Колосеум во театарот Колосеум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да твори извесни симболички предаватели до онастраното, непознатото, идеалното, да даде илустрација и сугестивност на прикаските за спасот и излезот што мудреците од сите провиниенции ги креираат орално и бихејвиористички, или ако повеќе сакате - ан пасан?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таму се уништував, креирав совршено место за нечујно убиство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како театарски човек (уметнички директор и драматург во штипскиот Народен театар), тој отворено зборува за состојбите во театарот, креирајќи критериуми со кои ги проценува и оценува бројните девијации во уметничкиот живот на Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако комуникацијата не ја разбираме само како идеализирана говорна ситуација во која вклучените страни толерантно разменуваат мислења креирајќи го на тој начин идеалот за еден демократски универзум, туку ако ги земеме предвид и современите психоаналитички и постструктуралистички сфаќања, тогаш комуникацијата станува далеку помалку идеална.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во целата оваа сива реалност и судрувањето со недрагите проблеми мора да креираме, пронајдеме, создадеме рамнотежа, контрасна од хаотичното, диво, разулавено секојдневие, за да постигнеме совршен баланс во нас и со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Затоа љубете, љубовта искажете ја преку сетилата, создавајте и креирајте љубов, обземени од животната страст покажете дека се радувате на секој здив што го вдишувате и издишувате без наивен оптимизам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Исполнета сум со спокој, зошто ова срце создава и креира едноставна убавина во секој миг од денот, во мене расте љубовта кон себе, кон светот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе